Оружените сили на Украина без обновување на американската воена помош ќе мора да решат кои градови ќе продолжат да ги бранат, изјави заменик портпаролоката на Пентагон Сабрина Синг.
„Ние нема да можеме да ја доставуваме критично важната помош за Украина и украинските сили ќе мора да направат избор и да донесат одлука кои градови и населби ќе може да ги држат со она што го имаат и што партнерите продолжуваат да им го испраќаат„ изјави Сабрина Синг.
Го повика Конгресот веднаш да го усвои барањето на Белата куќа за помош на Украина од 60 милијарди долари. Без одлука на Конгресот САД не можат да продолжат да му испорачуваат на Киев американска воена помош.
Портпаролката на Пентагон коментираше дека руските војници ја зазедоа Авдиевка истакнувајќи дека таму „за жал било неопходно стратегиско повлекување“ на украинската војска за да се сочуваат артилеријата и муницијата.
Претходно рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му поднесе извештај на рускиот претседател Владимир Путин во кој го извести дека Авдиевка била заземена со минимални загуби