Пентагон го скусува пристапот до доверливите информации и го лоцира истекувањето

Pentagon Papers.

Пентагон го намалува бројот на своите соработници кои имаат пристап до доверливите информации во врска со националната безбедност на САД, како мерка по неодамнешното протекување на тајните документи во врска со војната во Украина и некои американски сојузници, известува телевизиската мрежа CBS News повикувајќи се на неименуван американски функционер.

„Бројот на луѓето на мејлинг листата во целата влада кои добиваат ажурирани доверливи информации е значителни намален од петокот“, го цитира телевизијата својот соговорник.

До пред протекувањето на споменатите тајни материјали на интернет, околу илјада луѓе во американската администрација имале пристап до доверливите информации, се наведува во прилогот.

Како што забележува телевизијата, сите документи кои протекоа на интернет првично биле отпечатени во „тврди копии“ и затоа некои од нив се дадени во слајдови. Како што појаснува друг функционер кој под услов на анонимност зборувал за CBS News, не сите печатачи во американските владини агенции можат да печатат доверливи документи. Оние уреди од кои е дозволено печатењето такви материјали добиваат единствен ID, што може да помогне да се лоцира изворот на протекувањето.

Пентагон го истражува протекувањето на интернет доверливите документи во коишто, меѓу другото, се опишува состојбата на украинската војска на боиштето и плановите на напорите на САД и НАТО да ја зајакнат и координираат пред почетокот на долгонајавуваната пролетна противофанзива.

Според весникот The New York Times, кој првпат извести за овие документи минатиот четврток, истакнува дека документите датирани од крајот на февруари и почетокот на март, наводно се дистрибуирани до „руски провладини канали“ на платформата Telegram. Според весникот, на интернет на разни платформи може да се најдат повеќе од 100 документи означени како „тајна“ или „строго доверливо“ и оти штетата која може да ја предизвикаат по националната безбедност на САД се проценува како „значителна“.

Меѓу другото, во тие документи освен за големите загуби на украинската војска, се наведува и американското колебање во врска со евентуалниот успех на претстојната противофанзива.

Истовремено во средата, заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков за агенцијата ТАСС оценува дека истекувањето на американските доверливи документи за судирот во Украина можеби е „подметнување“ што Вашингтон свесно ја пласирал во рамките на кампања за дезинформирање во обид да ја „измами“ Москва.

„На овој степен немаме мислење за тоа… Можеби тоа е лажни, намерно подметнување… Имајќи предвид дека САД се составен дел од конфликтот (во Украина), каде што всушност водат прокси хибридна војна против нас, таквите методи се можни за да се залаже непријателот, а тоа во случајов значи Руската Федерација“, вело Рјабков.