![картер Пентагон и' се закани на Русија за нејзината акција во Сирија](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/karter.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
САД у сојузниците ќе преземат неопходни чекори за да и’ се спротивстават на Русија поради нејзината операција во Сирија, но дека остануваат отворени за соработка со Русија, изјавил шефот на Пентагон, Ештон Картер.
„САД и сојузниците ќе преземат чекори за да и се спротивстават на Русија. Акциите на Русија доведоа до ескалација на војната во Сирија. Ја повикуваме Русија да се однесува одговорно. Ние сме отворени за понатамошна соработка со Русија“, кажал шефот на Пентагон во Мадрид.
Картер изјавил дека акцијата на Русија во Сирија ја влошува граѓанската војна во Републиката.