Пентагон ја обвини Кина за користење ласери против авионите во Африка

Американските пилот неодамна биле изложени на дејствија на ласери во африканската држава Џибути зад што стои кинеската војска, објави портпаролката на американското министерство за одбрана Дана Вајт додаваји дека како резултат на тоа двајца пилоти биле повредени.

„Ова се многу сериозни инциденти, во коишто се нанесени две незначителни повреди. Ваквата активност претставува реална закана за нашите пилоти. Многу сериозно му пристапуваме на ова прашање“, изјави Вајт додавајќи дека САД бараат од Кина да го истражи овој инцидент.

Информациите дака американските пилоти во Џибути биле подложени на влијание на ласер, наводно насочувани од територијата на тамошната кинеска база, претходно се појавија во американските медиуми.

Во источноафриканската држава Џубути распоредени се четири до пет илјади американски војници, чијашто задача е да обезбедат воена поддршка за владиниот режим и борба со африканските ќелии на Ал Каеда.

Покрај САД во Џибути свои бази имаат распоредени уште четири странски држави, меѓу кои и Кина. Според претседателот на земјата Исмаил Омар Геле, ваквиот потег е направен со цел да се заштитат големите кинески инвестиции во економијата на Џибути. За Пекинг, пак, оваа база всушност претставува логистички центар.

Претставник на кинеското министерство за одбрана Вуи Цјан изјави дека споменатиот објект се корсти за патролни мисии, хуманитарни операции, за рекреација и снабдување на персоналот кој ги спроведува операците во Аденскиот залив во близина на Сомалија против тамошните пирати.