Пентагон: Одобрена е потенцијалната продажба на ракетите „Javelin“ на Косово

Американскиот Стејт департмент ја одобри потенцијалната продажба на противтенковски ракети „Javelin“ на Косово за проценети околу 75 милиони долари, соопшти во четвртокот Пентагон.

„Предложената продажба ќе го подобри долгорочниот капацитет на Косово да го брани својот суверенитет и територијален интегритет“, напиша во соопштението Пентагон.

Притоа, се наведува, Косово побарало набавка на 246 ракети „Javelin“, а за можната продажба во четвртокот бил информиран Конгресот на САД.

„Ракетите ‘Javelin’ покажаа ефикасност во Украина, па дури и порано, и ги покриваат нашите потреби да бидеме подготвени да ја браниме нашата земја“, изјавил за Reuters косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедончи.

Рекол и Косово ќе биде „подготвено да одговори на секој што го загрозува неговиот суверенитет, но и подготвено да придонесе за светскиот мир како дел од заедничките меѓународни операции“.