олскиот предлог своите борбени авиони од типот „МиГ-29“ да ги стави на располагање на НАТО во американската воздуховпловна база Рајнштад во Германија како одговор на повикот на Украина да ѝ бидат дадени авиони, се чини е отфрлен и од Пентагон соопштувајќи дека тоа не е „одржливо“.
Во вторникот вечерта полскиот премиер Матеуш Моравјецки при посетата на Осло за новинарите објави дека неговата земја не е подготвена самостојно да ѝ ги испорача на Украина ловците од типот „МиГ-29“.
„Мора да се истакне дека Полска не е страна во оваа војна, а и НАТО не е страна во војната. Поради тоа, одлуките за испорака на офанзивно оружје треба да се носат на ниво на цело НАТО. Затоа, всушност, ние сме подготвени дел од нашите ловци да ги префрлиме во Рамштајн, но не сме подготвени за какви и да се самостојни чекори“, рече Моравјецки.
Подоцна портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека можноста авионите од базата на САД и НАТО во Германија да „одлетаат во возудшниот простор на Украина којашто е во судир со Рисја предизвикува сериозна загриженост за целиот НАТО пакт“.
„Ќе продолжиме да се консултираме со Полска и со нашите други сојузници во НАТО за ова прашање со тешки логистички предизвици коешто тоа ги претставува, но не веруваме дека предлогот на Полска е одржлив“, рече Кирби.
Полското министерство за надворешни работи соопшти во вторникот дека Полска е подготвена да ги испрати своите авиони „МиГ-29“ во базата Рамштајн и да ги стави на располагање на САД и ги повикува другите членки на НАТО кои имаат од овој тип летата да го сторат истото.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, претходно во вторникот на брифингот со новинарите во молдавската престолнина Кишињев, изјави дека САД се подготвени да ѝ даваат и натаму воена помош на Украина, и дека размислуваат да ѝ помогнат на Полска доколку таа се одлучи да се префрли американски ловци од моделот „F-16“.
Истовемремено весникот The Wall Street Journal објави дека Вашингтон проучува договор според кој Варшава би можела да му обезбеди на Киев ловци од типот „МиГ-29“ во замена за испораки на американските лови „F-16“.
„Колку што ми е познато претходно не се консултираа со нас за тоа дека планираат да ни ги дадат тие авиони. Се радувам дека, кога ова сослушување ќе заврши, ќе се вратам во мојата канцеларија и ќе видам како ќе одговориме на тој нивен предлог да ни ги дадат авионите“, рече во вторникот американската државна потсекретарка Викторија Нуланд пред сенаторите, потврдувајќи дека американската администрација разговарала за барањето на Украина да ѝ се дадат полските авиони за кои има обучени пилоти.