Во вчерашните два самоубиствени напада врз влезовите на кабулскиот аеродром загинаа 13 американски војници, а 18 се повредени, соопшти Пентагон.
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека САД ќе ги фати одговорните за двата самоубиствени напади и ќе платат за тоа.
Тој во обраќањето до нацијата истакна дека од Пентагон побарал да подготви план за одговор за нападите на исламските милитанти.
„Нема да простиме, нема да заборавиме. Ќе ве фатиме и ќе ве натераме да платите“, истакна Бајден.