Пентагон предупредува на можна нова руска офанзива во Украина, а Москва дека украинските сили се прегрупираат

Американското министерство за одбрана верува дека ветувањето на Русија оти значително ќе го намали интензитет на своите борбени операции на северот од Украина е само тактична маневра, и предупреди на можност од нови напади во другите делови во земјата.

Никој не смее да се залажува со руските изјави, вели портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Досега само „мал број“ руски војници се движеа северно од украинската престолнина Киев подалеку од градот, рече Кирби, додавајќи дека не треба да се верува во руското образложение дека станува збор за повлекување.

„Веруваме дека ова е повторно позиционирање а не вистинско повлекување, како дека сите би требало да бидеме подготивени да чекаме голема офанзива во други области на Украина“, рече Кирби.

Според него, руските сили „не успеале во својата цел за зеземање на Киев“, но Русија „би можела да продолжи да го бомбардира Киев со проектили оддалеку“. „Тоа не значи дека за заканата за Киев е готова“, рече Кирби.

Претходно во вторникот откако на преговорите во Истанбул руската делегација рече дека ќе ги запре офанзивните дејствија во областите на Киевр и Чернигов, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу истовремено рече дека руската операција во Украина ќе биде концентрирана на целосно ослободување на административните на исторчните проруски регионо во Донбас.

Во Москва, исто така, велат дека прекинот на огнот украинските сили и особено паравоените формации на украинските десничарски групаци го користат за прегрупирање.

„Украинските единици и неонацистичките баталјони ги користат прекините на огнот за да ја повратат борбената способност, да ги префлрат своите огнени позиции во станбени области, болници, училишта и детски градинки, каде цивилите насилно се држат како жив штит“, рече началникот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, генерал-полковник Михаил Мизинцев.