
Руски авион Су-27 пресретнал на „небезбеден и непрофесионален“ начин авион на американските воздухопловни сили, соопшти Пентагон.
Пентагон наведува дека инцидентот се случил во меѓународен воздушен простор над Балтичкото Море.
– Американскиот авион оперирал во меѓународен воздушен простор и ниту во еден момент не навлегол во руска територија, изјави портпаролката на Пентагон Лора Сил.
Таа наведе дека инцидентот се случил во четвртокот.
Според неа, тоа „небезбедно и непрофесионално пресретнување во воздух има потенцијал да нанесе сериозна штета и повреда на екипаж на авион и непотребно да засили тензии меѓу државите“. Пентагон тврди дека бил пресретнат авион тип РЦ-135 кој летал на вообичаена рута.