Москва не треба да гледа во САД закана бидејќи Вашингтон не тежнее кон конфликт со Русија, изјави претставникот на Пентагон Џеф Дејвис, коментирајќи ја неодамна усвоената руска Стратегија за национална безбедност.
Командантот на Здружениот комитет на началници на штабовите на вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд има поинаков став. Тој посочи дека е заинтересиран да ја прочита целокупната стратегија пред да донесе заклучок.
Генерал Данфорд наведе дека САД и понатаму ја гледааат Русија како закана.
– Ние таквиот заклучок го донесуваме врз основа на однесувањето и воените капацитети на Русија, вклучително нуклеарниот и кибернетичкиот потенцијал, кој може да се протолкува како закана по нашите сојузници, потенцира генерал Данфорд, пренесува МИА.
Изменетата Стратегија за национална безбедност на Русија беше потпишана од претседателот Владимир Путин непосредно пред новогодишните празници.