Пентагон тврди дека руските сили добиваат засилување во Донбас

Руските сили добиваат зајакнување околу источната проруска украинска област Донбас, во прв ред во близина на стратешки важниот град Изјум, но сѐ уште не ја започнале офанзивата за воспосавување целосна контрола над тој регион, изјавил во понеделникот висок функционер на Пентагон.

„Забележавме руски напори за снабдување и за зацврстување во Донбас“, брифирал за новинарите американскиот функционер кој сакал да остане анонимен а кого го цитира AFP.

Изворот во прилог на тоа споменал конвој руски тенкови севернo од Изјум. Пентагон оценува дека во тој конвој се делови од командата и контролата, бригада за одржување хеликоптери и логистичка бригада за пешадијата, додал соговорникот за новинарите.

Руските сили добиле засилување и југозападно од Донецк, исто така на истокот, во прв ред во артилерија, но „не мислиме дека започнува нова офанзива“, додал.

Високиот функционер на американското министерство за одбрана потвердил дека генералот Александар Дворников, кого на западот го нарекуваат „Сирискиот крвник“, е назначен да ја води таа офанзива.

„Но имајќи ги големите проблеми во логистигата и снабдувањето, тешкотиите во маневрирање, проблемите во координацијата, морал и хиерархиската подреденост, не е сигурно дека навистина ќе биде успешен“, оценил неименуваниот американски функционер.

„Генералот Дворников на почетокот од инвазијата ја водеше офанзивата на југот и Русија имаа повеќе успеси таму отколку на северот“, рекол.