Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и притоа го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година (понеделник)
Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.10.2020 година, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, да биде организирана во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
– Во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во среда, на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во четврток, на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во петок, на 30.10.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.