Седумдесет и едногодишниот С.Б. од Србија се обидел да се самоубие пред неговата куќа активирајќи бомба кашикара.
Лекарите се борат за неговиот живот, а вистинско чудо е како старецот преживеал.
Тој изгубил многу крв, па затоа бил итно опериран. Моментално е во кома.
Причините зошто пензионерот се обидел да си го одземе животот не се познати.