
Ова го најави министерот за финансии Кирил Миноски во денешното образложение на Предлог-буџетот за 2017 година пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет.
– Во декември со исплата на ноемвриската пензија ќе се исплати и ветеното зголемување на пензиите. Повеќе од 300.000 пензионери ќе добијат зголемување од околу 670 денари или во просек покажување од 5 проценти, рече Миноски.
Тој додаде дека зголемувањето ќе биде линеарно кај сите пензионери, а најголемо ќе биде кај оние со пензија помала од 9.000 денари, каде зголемувањето ќе изнесува 8 отсто.