Пензионерите загрижени за исплатата на пензиите, бараат да се изнајдат мерки

Пензионерите се загрижени за исплатата на пензиите, по вчерашните најави дека се доведува во прашање исплатата на плати и пензии доколку се укине издавањето на државните записи со што се укинуваат механизмите за нормално и непречено реализирање на буџетот.

Пензионерите во Македонија, чиј број е околу 300.000 се заинтересирани навремено да се добиваат пензиите како што беше тоа во изминатите години, до 6-ти во месецот. Изразуваат загриженост и реагираат на дека ова може да биде доведено во прашање со исплатата на ноемвриската пензија во декември годинава, пренесе МИА.

Пензионерите загрижени за исплатата на пензиите, бараат да се изнајдат мерки
Пензионерите загрижени за исплатата на пензиите, бараат да се изнајдат мерки

Самата најава дека навремената исплата која со години наназад е до 6-ти во месецот, овој пат може да биде доведена во прашање има големо реагирање кај членството на Сојузот на пениознерите и се смета дека треба да се изнајдат сите мерки да не дојде до еден таков проблем за исплата на пензиите на пензионерите, изјави претседателот на Сојузот на здруженија на пензиоенрите Драги Аргировски.

Во последните 4-5 години пензиите се исплаќаат редовно

Според него…