Пензионираниот 62-годишен генерал Петр Павел, кој извршуваше висока функција во НАТО, и поранешниот премиер 68-годишниот милијардер од словачко потекло Андреј Бабиш, влегуваат во претседателските избори во Чешка кои започнуваат во петокот, како изразени фаворити пред другите шест противкандидати.
Претседателот на Чешката Република нема извршни овластувања, туку го именува мандатарот и премиерот, како директорот на централната банка и највисоките судии, има право да гласа во надворешната политика, но го распушта парламентот.
Пензионираниот генерал Петр Павел, кој се кандидира како независен кандидат, води во две од четирите конечни изборни анкети, додека поранешниот премиер Андреј Бабиш кој ја води најголемата опозициска партија во парламентот, води во другите две анкети.
Но посебна анкета му дава предност на Павел во веројатниот втор круг во однос на Бабиш, кој ја формулираше својата изборна стратегија како протест против владата на десниот центар, обвинувајќи ја дека прави премалку за да им помогне на луѓето да се справат со огромните животни трошоци.
Ниеден кандидат не може да освои повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг кој завршува во сабота, според анкетите, а вториот изборен круг во кој ќе се соочат двајцата кандидати со најдобро остварување веројатно ќе следи за две седмици.
Иако има осум кандидати, само Павел и Бабиш и 44-годишната професорка по економија Данусе Нерудова имаат шанси за минување во вториот круг, покажуваат анкетите. Во вториот круг, пак, анкетите му даваат предност на Павел пред Бабиш. Нердова е трета во сите анкети.
Актуелниот претседател Милош Земан, поголемиот дел од своите два петгодишни мандати градеше поблиски односи со Русија и со Кина, поради што често беше критикуван во Европската унија и во НАТО, каде што Чешка е членка.
Одржувајќи тесна соработка со унгарскиот премиер Виктор Орбан, челник на соседната земја и сојузник во ткн Вишеградска група на централно европските поранешни комунистички земји во која се уште и Полска и Словачка, Бабиш го посети во вторникот францускиот претседател Емануел Макрон за да го демонстрира своите врски во влијателните земји во Европа.
Павел, пак, се дистанцираше од Орбан, бегајќи од неговите суверенистички судири со неолинералистичкиот естаблишмент во Брисел, кој како и во случајот со Полска ја обвинува Унгарија за лошо владеење на правото, по што ја доведе во прашање целта на Вишеградската група.
„Кога денес толку се разликуваме околу темелните прашања, се поставува прашањето дали треба да го напуштиме тој форма“, рече Павел во предизборното соочување во средата.
Павел има воено образование од советскиот период, но и западно какво и во случајот на бугарскиот претседател Румен Радев. Служел во мировна мисија во војните во поранешна Југославија во 1990-те години и од 2015 до 2018 година ја водеше воената комисија на НАТО која го советува генералниот секретар на воениот блок.
Павел и Нерудова во изборната кампањањ се залагаа за воведување на еврото и традицијата на надворешната политика водена од човековите права на првиот посткомунистички претседател Вацлав Хавел.
Додека беше премиер од 2017 до 2021 година, Бабиш беше во судир со Европската унија околу субвенции исплатени претходно на неговиот деловен конгломерат „Агроферт“, како и под истрага на чешкото правосудство. Но претходно оваа седмица беше ослободен од обвиненијата за наводно злоупотреби и измами со субвенциите од ЕУ. На Бабиш му се забележува и што беше најмлакиот од кандидатите во поддршката за Украина, но очигледно јавното мнение во Чешка има главно сличен став, па е меѓи главните кандидати за претседател. Но надворешната политика е под владата, која изразува поддршка за Киев.