Во конкретниов случај, судијата-поротник не оди во пензија, туку само му прекинува функцијата поради тоа што наполнил 60 години. Второ, чудно е тоа што претседателот на Кривичниот суд досега не пронашол замена за судијата-поротник. Едноставно, ќе назначел друг судија-поротник кој нема навршено 60 години и работата ќе беше завршена – посочува Ивановски.
Од друга страна, додава тој, сосема друга тема на разговор е дали и зошто судските предмети се враќаат од почеток откако на еден судија-поротник му прекинува функцијата.
– Законските решенија секогаш треба да поаѓаат од принципот владеење на правото – смета Ивановски.