Освен што доби лекција по модерен фудбал од Лионел Меси, португалскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Пепе доби и копачка во глава.
За разлика од обидот за физичка пресметка помеѓу Пепе и Фабрегас, кој сите го видоа, само камерите и ретките фоторепортери го уловија моментот како играчот за врска на Барселона, Серхио Бускец со копачка го удри дефанзивецот на Реал (М), Пепе, и тоа на лицето.
Фудбалерот на Барселона остана неказнет за овој неспортски потег.