Со доаѓањето на пролетта доаѓаат и бескрајните детски игри во паркот, долгите прошетки на планина со домашните миленици и секако купот облека кој се собира изгледа небаре нема крај. Иако е скоро па невозможно да се „спасите“ од планината валкани алишта, дамките од трева и влакната од домашните миленици, сепак со неколку совети и трикови и вистинската машина за перење и сушење работата ќе ја извршувате без мака.
- Означете посебни корпи за сортирање
Кое е првото нешто кое го правите, а кое е апсолутно здодевна работа кога станува збор за перењето? Се разбира сортирањето на алишта, не сакате случајно во белите алишта да влета црвено парче облека. Да, сите сме биле таму, знаеме како е . Токму затоа, кога станува збор за сортирање алишта, избегнувајте да си го губите времето трчајќи низ дома барајќи валкана облека, особено доколку имате тинејџери дома на кои омилено место за складирање на валканата облека е буквално насекаде. Означете посебни корпи за бели, црни и шарени ткаенини, и воведете правило „кој нема да уредно да си ја складира валканата облека на означеното место истата нема да биде испрана“. И покажете дека не се шегувате. Верувајте работата ќе ви се олесни за 50 проценти!
- Поделете ги деновите за перење
Наместо да чекате викенд за да ги исперете сите алишта, размислете за планирање на полнење на машината секој втор ден во текот на неделата. За викенд работите ќе бидат полесни. Не само што ќе избегнете да се преоптоварувате, туку ќе имате време и да уживате во викендот! Нема ништо подосадно од перење и сушење алишта во недела кога би можеле да бидете надвор и да уживате во попладневните часови. Плус, не мора да се грижите за заштеда на енергија Паметните машини за перење на Samsung со AI се опремени со технологијата AI Ecobubble™ на Samsung. Користењето ладна вода наместо топла вода без додавање дополнително време на циклус им помага на корисниците да заштедат до 70 проценти од потрошувачката на енергија со моделот на работа со AI Energy Mode на SmartThings Energy. Исто така, обезбедува високи стандарди за чистота и хигиена на облеката со тоа што му дозволува на детергентот брзо да навлезе во ткаенините и да ја отстрани нечистотијата – дури и во ладна вода.
- Влакната од милениците не се повеќе ноќна мора
Колку и да ги сакаме нашите крзнени пријатели, никој не сака постојано да биде покриен во крзно од кучешки влакна. Борбата да се отстранат или барем да се држат влакната од милениците далеку од облеката е бескрајно и прилично фрустрирачка. Токму затоа паметните машини за перење на Samsung со AI се поткрепени со AI OptiWash™функција која помага да се исчистат алиштата темелно со интелигентно препознавање на тежината на товарот и нивото на валканост со цел да се распредели точната количина на детергент и вода; Технологијата AI Ecobubble™ меша воздух, вода и детергент за да создаде меурчиња што ги мијат вашите алишта на пониска температура, отстранувајќи ги најтешките дамки од домашни миленици, а истовремено помагајќи да ги намалите сметките за енергија; моќниот Hygiene Steam Cycle ослободува пареа од основата на барабанот за уште подлабоко чистење; додека Air Wash, ги освежува вашите алишта користејќи само супер топол воздух за дезодорирање на облеката и постелнината за да се ослободи од сите мириси, од дамки од храна до измет од домашни миленици.
- Машината за сушење нека биде вашиот најдобар пријател
Заедно со перењето на дневен ред е и сушењето на алишта. Иако мислењата за користење на машина за сушење се поделени, со новата технологија за сушење алишта, паметната машина за сушење на Samsung со AI нуди и низа опции кои без двоумење се вистински избор за олеснување на секојдневието. Вашите алишта може да бидат чисти и подготвени за носење за само 2 часа, штедејќи енергија. Текот на Super Speed може да исуши полнење со алишта од памук и синтетика за 81 минута. А со машина за перење која има опција Super Speed може да ги испереш и исушиш алиштата со помош на центрифуга за 39 минути. Плус, наталожувањето на бактерии на облеката и другите предмети ќе биде спречено, како што се платнените и меки играчки за дечиња. Циклусот Hygiene Care ги дезинфицира сувите и мокрите предмети без да влијае врз перформансот на сушење. Топлината со висока температура при сушењето отстранува 99.9% од бактериите. И она што е најважно – облеката нема потреба да се пегла! Едноставно избери ја опцијата Wrinkle Prevent и откако ќе заврши циклусот, таа веднаш ќе ја вклучи центрифугата да работи 180 минути без топлина.
- Направете ги мрежестите торби за перење вашиот најдобар пријател
Колку пати сте ги одминале оние мали мрежести торбички за перење на долна облека и ситници? Нивната функционалност е несомнено потценета! Без разлика дали перете влошки за чевли, долна облека или чорапи што треба да се склопат заедно, нема да губите дополнително време за спарување на истите. Плус, ќе го разбиете митот на „машината ги изеде чорапите!“
- Домашните активности треба да бидат одговорни и одржливи
Новата линија на паметни машини за перење и сушење со АI се опремени со револуционерни еколошки свесни технологии. Со SmartThings AI Energy Mode следи ја и намали ја потрошувачката на енергија на вашата машина за перење. Енергетскиот режим AI овозможува лесно проверување на потрошувачката на енергија и проценување на сметката за електрична енергија. да се мие со ладна вода наместо топла и дополнително време на циклус. Паметната машина за перење доаѓа со енергетска ефикасност А+++, па благодарение на истата ќе заштедите пари и ќе ја заштитите животната средина користејќи помалку електрична енергија. Технологијата на топлинска пумпа нуди енергетски ефикасен, исплатлив и нежен начин за сушење на алиштата. Има енергетска ефикасност A+++, бидејќи користи „средство за ладење“ наместо електрична енергија за да го стопли воздухот и го рециклира топлиот воздух, намалувајќи го трошењето енергија.
- Разубавете ја просторијата за перење и сушење
Обичните бели ѕидови и плочки се ужасно здодевни! Не е ни чудо што просторијата за перење и сушење ви е најнеомиленото место во домот. Водејќи се по идејата дека мотивацијата произлегува и од атмосферата во која се наоѓате, создадете светла и уникатна атмосфера во вашата перална! Обновувањето на просторот за перење алишта со само неколку едноставни мали додатоци може да го подобри вашето расположение и да донесе малку живот во здодевните задолженија. На пример, миризливи стапчиња, дрвени полици за детергенти и средства за перење, бохо корпи за складирање облека, пуфкасто тепихче…Дозволете имагинацијата да ве води! Плус, технологијата SpaceMax™ на Samsung машината за перење ѝ овозможува да користи поголем барабан без зголемување на нејзините надворешни димензии, давајќи им на потрошувачите голем капацитет од 11 килограми. Уникатниот дизајн на машината за перење и различните опции за боја гарантираат дека машината може лесно да се вклопи во секоја просторија за перење и да го прилагоди просторот за перење за да одговара на вашиот дизајн на ентериер.
Повеќе информации за производите можете да најдете на:
Искористете го промотивниот период и добијте повеќе
Производите на Samsung не само што го разубавуваат вашиот дом, туку и заштедуваат! Почнувајќи од 3.4.2023, па се до 30.04.2023 (или до потрошување на залихите) Samsung ви нуди до неверојатни 30% попуст на фантастичните уреди Bespoke Home. Со одредени Bespoke машини за перење, машини за сушење, комбинирани машини за перење и сушење и машини за миење садови добивате до 5 години гаранција на: