Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез планира да ги собере двете суперѕвезди на светскиот фудбал Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Сепак, не за да играат во ист тим.
Португалецот и Аргентинецот ќе присуствуваат на „Сантијаго Бернабеу” на претстојниот втор финален натпревар за „Копа Либертадорес”, меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс.
Кристијано Роналдо и Лео Меси веќе ги добиле поканите за неделниот меч, испратени од Реал и шпанската федерација. Идејата на Перез е двајцата да седат еден до друг во претседателската ложа.
Шпанската федерација добила стотици молби за билети, како од играчи од Примера, но и од Сегундо дивизион. Молби пристигале и од тренерите не само од Пиринејскиот Полуостров, туку и од целиот свет.
Аргентинската битка за трофејот започнува oд 21:30 часа во недела. Првиот дуел заврши со резултат 2: 2.