Перез по триумфот во Бахреин: Се надевам дека не сонувам

Sergio Perez of BWT Racing Point celebrates after winning the 2020 Formula One Sakhir Grand Prix at Bahrain International Circuit near Manama, Bahrain, 06 December 2020. EPA-EFE/Kamran Jebreili / Pool

Мексиканскиот пилот Серхио Перез во тимот на Рејсинг Поинт победи во неделата на траката во рамките на Светското првенство во класата Формула 1 за Големата награда на Сахира во Бахреин, на која не учествуваше старо-новиот шампион, Британецот Луис Хамилтон кој е позитивен на коронавирусот.

Перез на крајот од првиот круг беше на 18-то место, но благодарејќи на доброто возење и добрата клупска тактика, но и грешките во тимот на Мерцедес, стаса до првата победа во кариерата. Со тоа стана и првиот Мексиканец кој остварил победа во трка во Формула 1 по 1970 години кога тоа му успеа на Педро Родригез.

Втор беше возачот на Рено, Естебан Окон, кому ова му беше прв пиедестал во кариерата, а Канаѓанецот Ленс Строл, кој минатата трека на истата патека заврши на покривот, го зазема третото место.

„Се надевам дека не сонувам, бидејќи за овој момент мечтаам веќе десет години. Не знам што да кажам. По рвиот круг трката за мене беше готова, но не сакав да се откажам. Оваа сезона немавме среќа, но мислам дека денеска заслужено победивме. Оваа победа ми носи малку повеќе мир. Она што се случува не е во моите раце. Сакам да продолжам, но ако не возам следната сезона, ќе се вратам во 2022-та“, рече Перез по трката, кој сѐ уште нема договр за следната сезона.

Преполн со емоции беше и Окон по првиот пиедестал во кариерата.

„Плачев на целта. Многу емоции ми минаа низ главата. Ова беше тепка сезона, трудот секогаш не се исплатеше, но ниту во еден момент не престанувавме да се бориме. Кога малку луѓе веруваат во тебе, важно е ти да веруваш во себе и денеска тоа се случи“, рече Французинот.

Наместо Луис Хамилтон, во болидот на Мерцедесот влезе неговиот 22-годишен сонародник Џорџ Расел, но немаше среќа. Беше на чекор до победата и до најголемиот успех во сезоната и до остварувањето на преседанот возач кој не освоил досега ниту еден бод да се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал, но на осум кругови до крајот мораше да оди во боскот поради дупната гума и на крајот заврши како деветто. И тоа е за него најдобриот пласман, во кариерата, бидејќи досега само двапати стасал на целта како 11-ти.

Во генералниот пласман нема промени на врвот, Хамилтон со 332 бодови, но отворена е борбата за второто место – Валтери Ботас е втор со 205 бодови, а Макс Верстапен е трет со 189 бодови.