Перез трумфираше на лудата трка во Сингапур

Членот на Ред Бул, Серхио Перез ја оствари втората сезонска победа во Ф1 шмпионатот и тоа во трката за Големата Награда на Сингапур.

Трката во Сингапур донесе многу возбудувања, прво не започна во почетниот термин поради лошите временски услови за да потоа биде жешко и на патеката „Марина Беј“ каде имаше доста болиди кои излетаа, мораше да се активираат безбедносните возила за да на крајот целата приказна биде завршена со помалку од предвидените 61 круг поради ограничувањето на максималното времетраење на трката од два часа.

Во целата оваа ситуација Перез најдобро се снајде и тоа откако во првиот круг го презема водството со тоа што победата треба да биде допрва потврдена затоа што е под истрага, ама ако казната е 5 секунди повторно ќе биде прв затоа што второпласираниот денеска Шарл Леклер заостана седум ипол секунди.

Трет беше Саинц од Ферари по што следуваа Норис, Рикардо, Строл, Ферстапен кој ја пропушти првата шанса за потврда на титулата во шампионатот, потоа Фетел, Хамилтон и Гасли.