Перински: Предложив проект за соларни панели за Водовод, претпријатието да биде 70% енергетски независно, од Арсовска со месеци нема одговор

Златко Перински, во своето гостување во вестите на Сител зборуваше за неговата комуникација со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Јас еве преку два примери ќе ја објаснам нашата соработка. Соочени со енергетската криза уште во февруари/март подготвивме план и стратегија за справување со неа и и предложивме на градоначалничката проект со поставување на соларни панели за да можеме да ја супституираме енергетската потрошувачка на водовод со 67 до 68%, значи да инвестираме 10 милиони евра за водовод и канализација Скопје да биде скоро 70 % енергетски независен. До ден денес немам одговор за тоа, тоа е прва работа. Втора работа, пречистителна станица, ми поднесе барање да ја сменам евалуационата комисија, дописот и е вратен мислам 8, 9 или 10 август не ме држете за збор точно за датумот и од 10 август до петокот немам никаква повратна информација од градоначалничката, за во петокот преку смс да ми каже дека ќе бидам обвинет дека доколку не постапам согласно нејзиното барање. За волја на вистината утредента еден медиум соопшти дека има потенцијален криминал и во понеделникот, пазете на денот на отварањето на финансиската понуда да добијам решение за разрешување, истакна Перински.

Тој во текот на своето гостување посочи дека градоначалничката цело време била информирана за целата постапка со тендерот за пречистителна станица.

-Видете процесот на евалуацијата на понудите, за тоа е задолженa само евалуационата комисија, под буден мониторинг на странските консултанти и на лидер банката во случајот Европската инвестициона банка. Ниту јас имам ингеренции да влијаам, ниту пак да бидам присутен на сеансите при евалуацијата, ниту градоначалникот, ниту ниедно трето лице кое што не е член на овие комисии. На неделна основа, секоја недела има прогрес митинг, на месечна основа бевме поканети и јас и градоначалничката и тоа може да се провери во линкови, во мејлови се пратени тие покани, доколку градоначалничката ценела дека би требало да го прати прогресот на активности во спроведување на евалуационите комисии и на нивната работа до каде е , не на суштината што они гледаат и ценат бидејќи нема право тоа да го прати, она можела да биде онлајн присутна на тие состаноци, кажа Перински.