Перо Антиќ во кампања – Гласајте за Вучиќ!

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, е активен поддржувач на политиките на српскиот претседател Александар Вучиќ.

За актуелната кампања во Србија, Антиќ сними дури и видео спот со поддршка за Вучиќ.

– Како што навивачите се нашата сила во кошарката, така е народот во политиката. Го чуваме грбот на Ацо. Јас сум Перо Антиќ, поранешен кошаркар, сегашен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Се гледа што работат Вучиќ и луѓето од Владата, дека се помага, дека се инвестира во спортот, во инфраструктура, така што нема зошто да не го поддржиме ние тоа. Кога е стресот во прашање, тука е и тимот. Тимот е секогаш тука да те крене во вистинскиот момент, така што тој е капитен, а неговиот тим го следи. Ништо друго, одиме понатаму и секако на 17-ти знаеме што треба да направиме. Погодете во вистинскиот кош! Гласајте за вистинскиот! Србија не смее да застане! Александар Вучиќ – вели Антиќ во видеото.