Перо Камиказа ќе се кандидира за градоначалник на Скопје, со поддршка од Левица

Петар Георгиевски – Камиказа, познатиот басист на групата Меморија на својот фејсбук профил објави статус со кој најави дека размислува да се кандидира за градоначалник на Град Скопје.

„Доколку вашата поддршка остане за мене како независен кандидат поддржан од ЛЕВИЦА со радост ќе го прифатам овој предизвик во кој ќе си ги жртвувам сопствениот мир и спокој . Ете тоа е она што сакав да ви го соопштам пред два дена. За жал друго решеније нема, ова е единствено. Немам ништо што да кријам од вас, еве го споделив можеби единствениот начин да го симнеме овој КРАДОНАЧАЛНИК“, пишува Георгиевски.

Тој вели дека наскоро ќе ја донесе конечната одлука

.