Перустија-ајварот што го освои светот, достапен и на домашниот пазар!

Ајварот „Перустија“, кој се извезува во повеќе од 20 земји ширум светот, отсега е достапен и на македонскиот пазар. Откако ги освои вкусовите на потрошувачите во САД, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Холандија, Германија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и многу други, раководството на компанијата „Ларс“ реши да го пласира истиот и пред домашните потрошувачи.

Најголем дел од нашето производство од околу 1,5 милиони тегли ајвар годишно е наменето за извоз. Нашите традиционални партнери од надвор ни бараат квалитетни производи, деликатеси каков што впрочем е и ајварот, при што условот е тие да бидат висококвалитетни, без додатоци и конзерванси. Ние решивме тоа да им го понудиме со „Перустија“. Побарувачката од година во година расте. Нашата цел е да не ги запоставиме ни домашните потрошувачи поради што од оваа година сме присутни во речиси сите поголеми трговски синџири во земјава, објаснува Дарко Нашков, сопственик на компанијата.

„Перустија“ се произведува во фабриката „Ларс“ во Штип, која 27 години  преработува зеленчук: корнишони, феферони, печени пиперки, цвекло, сушен зеленчук, ајвар и друго. Нашков објаснува дека патот на ајварот “Перустија“ започнува на странски пазари како резултат на побарувачката и потребата од деликатеси на дел од тие пазари. Најавува скорешно ширење и на нови пазари.

Годишниот извоз на ајварот „Перустија“ достигнува вредност од 6 милиони евра. Проблем со набавка на суровина нема, вели Нашков, и додава дека еден од ретките земјоделски производи чие што производство и откуп расте од година во година е црвената пиперка.

Секогаш имаме коректни односи со производителите на црвена пиперка, бидејќи без нив не можеме да работиме. Суровината секогаш е навреме платена, вели Нашков.

Домашниот пазар е многу важен затоа што расте побарувачката на преработки и луѓето имаат се поголема доверба во квалитетот на македонските производи.

Целта како компанија ни е во иднина да го зголемуваме уделот на брендирани производи во нашето портфолио, а да го намалуваме уделот на класичните производи како пиперки, корнишони, цвекло кои се продаваат по берзанска, ниска цена и за кои имаме огромна конкуренција од цел свет, вели Нашков.

Според последните официјални податоци, околу 80% од производството на домашните преработувачи на овошје и зеленчук оди во извоз при што се забележува тренд на пораст на цените на македонските деликатеси. Расте побарувачката и на домашниот пазар и свеста кај потрошувачите за квалитетот на македонските производи.

„Перустија“ која има 5 вкусови во својата палета: благ, лут и екстра лут црвен ајвар, зелен и жолт ајвар, дефинитивно е препознаен од потрошувачите како врвен производ!

Повеќе информации за „Перустија“ на http://perustija.com/ и на:

Фејсбук: www.facebook.com/perustija
Инстаграм: perustija