Немаат само мажите валкани мисли, се поголем е бројот на жени кои се приклучуваат кон оваа категорија на мажи. Не се само мажите желни за секс и хаос под чаршавите, туку и жените подеднакво чувствуваат потреба за лудости во четири ѕида.А, за што современите дами најчесто сонуваат? Ќе се изненадите.
Совршен љубовник
Една од најчестите женски фантазии е секс со привлечен и страствен маж кој знае кога да ја задоволи како никој друг. Во таа фантазија мажот може да биде нејзин партнер, потполн странец, пријател, колега или некоја позната славна личност.
Секси странец
На најголем број од жените им се допаѓа да се запознаат со мистериозен секси странец со кој ќе имаaт дива сексуална авантура и која никогаш повеќе нема да ја видaт.
Партнер
Многу жени фантазираат за своите партнери, но тоа останува тајна фантазија затоа што тие не фантазираат за ништо друго што е различно од стварноста. Ако нивниот партнер е внимателен и нежен, жените фантазираат за див секс со нив и обратно.
Колега, пријател, поранешен
Женските фантазии за згоден поранешен, колега, пријател па дури и партнерот на најдобрата пријателка е нормална работа.
Стресно трио
Секс во тројка не е само популарна машка фантазија. И жените сакаат уште едно лице во кревет, барем во фантазија.
Тројка со двајца мажи
Како што мажите сакаат да добијат внимание од две жени, така и жените сакаат да бидат меѓу двајца мажи кои ги обожаваат и посакуваат. Во оваа женска фантазија, мажите најчесто се хетеросексуални и се заинтересирани само за жената и таа да биде задоволена.
Доминација
Еден од партнерите да биде доминантен, тоа го сакаат многу жени.
Секс со други жени
Ретки се жените кои никогаш не помислиле како е да допираш друга жена.Жените се воодушевуваат на убавината на женското тело. Покрај тоа таа знае како другата дама сака да биде допрена, па затоа сексот со припадничка на понежниот пол е како секс со совршен и нежен љубовник.