Седумдесет и четиригодишниот Мијалко С. од Крива Паланка починал откако вчера бил прегазен од возило на местото викано Љијаков мост на магистралниот пат Крива Паланка.
Со возилото управувал дваесетгодишниот Н.Д. од Крива Паланка.
Повредениот пешак поради сериозноста на повредите починал на пат кон Ургентниот центар Скопје.