Владата на ВМРО-ДПМНЕ со додатокот за трето дете мотивираше многу жени повторно да родат, а со низа проекти за младите го подигна подмладокот во земјава, рече во петокот Жаклина Пешевска.
Рече дека за неа претставува чест што ВМРО-ДПМНЕ и во иднина со своето дејствување ќе го зголемува породилното отсуство за да имаат бенефит и мајките и новородените дечиња. Во однос на наталитетот во Македонија, тој во минатото одеше надолу и се спроведоа низа на проекти за да се зголеми истото, но пред се за да имаме многу бројна популација треба да имаме здрава популација на жени и мајки родилки, рече Пешевска.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ посвети многу внимание на жените родилки и овде ќе напоменам еден голем проект, а тоа е изградбата на гинеколошко акушерскиот одел во клиничкиот центар и од свое лично искуство како жена родилка не споредливо е пораѓањето во старата и во новата гинеколошко акушерска клиника и таа е со сите нови попратни апарати. За разлика од старата каде што имаше соби со шест родилки, во новата имаме само по две родилки и засебни тоалети, а со тоа е и поубаво чувството и на тамошните вработени и на жените родилки“, истакна Пешевска.
Нагласи дека освен овој проект за градење на новиот гинеколошки оддел биле воведеи и многу испитувања за мајките кои одлучуваат да раѓаат во подоцнежните години.
„Уште повеќе ме радува фактот што на сите жени ќе се извршуваат овие испитувања со цел поздрава популација, секако за зголемување на наталитетот во Македонија и општо секаде е многу важен економскиот развој на државата, а ВМРО-ДПМНЕ навистина направи напор за да се подобри економскиот статус на граѓаните, па така во 2006-та просечната плата изнесуваше 12.320 денари, додека во 2017 изнесува 17.000 денари. Секако не е пресудна финансиската состојба на граѓаните, но проектите кои што ги спроведе потоа навистина имаа бенефит, па така од 2008 до 2017 година се отворија седум градинки, се реновираа и проширија секаде каде што беше во можност и во многу општини тргнувајќи од Зелениково и Петровец се отворија и градинки првпат, со што се зголеми и вработеноста, но и прифаќање на нови дечиња“, додаде Пешевска.
Искажа лично задоволство за проектот додаток за трето дете и вели дека владата на ВМРО-ДПМНЕ мотивираше многу жени за да родат трето дете. Освен овие проекти таа ги потенцираше низата проекти за средношколците и студентите со цел олеснување и кревање на подмладокот во земјата.