Пешевски: Над 500 домашни компании имаат бенефит од соработката со странските

Пешевски во посета на поплавените подрачја во кумановско

Над 500 домашни компании имаат бенефит и директна соработка соработка со странските. Може да се забележи речиси кај сите компании што соработуваат со странските компании во земјава дека постои зголемување на вработувањето. Дури има и случаи кога се отвораат целосно нови компании кои даваат основни услуги за странските компании во слободните економски зони. Ова во одговор на пратеничко прашање го постенцира заменик претседателот во Владата Владимир Пешевски.

Како што потенцира тој, станува збор за домашни компании кои нудат најразлични услуги, од основни дејности како што се снабдување со храна и хигиена, до градежни дејности и изработка на делови.

Над 500 домашни компании имаат директна соработка и бенефит од тоа што овие компании отвориле свое производство во Македонија, посочи Пешевски.

Вицепремиерот Пешевски во одговор на прашањето на пратеничката Светлана Карапетрова во однос на двете најавени инвестиции посочи дека се работи за странски инвестиции од автомобилската индустрија.

За едната инвестиција тој посочи дека станува збор за инвестиција базирана во Струмица од автомобилската индустрија и која ќе креира нови 1.500 работни места и припаѓа на една од светски познатите компании од оваа дејност.

И покрај тоа што Струмица важи за област која важи каде земјоделството е примарна област, секако е добро луѓето што имаат интерес од технички науки, инжинерство да имаат можност да најдат работа, рече Пешевски.

Тој исто така најави дека ќе бидат отворени 500 дополнителни работни места во регионот на Скопје, во новата инвестиција од автомобилската индустрија.

Сето тоа што го правиме и во делот на подобрување на бизнис климата, конкурентноста има за цел создавање на нови работни места и подобрување на животниот стандард за граѓаните, посочи тој.