Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски денеска оствари работа посета во општина Бутел, каде што во тек е спроведување на неколку значајни проекти за граѓаните на општината.
Тој заедно градоначалникот на општина Бутел, Петар Латиновски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, прво го пуштија во употреба асфалтираниот пат од с.Радишани до с. Љубанци, кој е во должина од 1.200 метри. Покрај асфалтирањето, извршена е и изградба на атмосферска и фекална канализација во должина од 600 метри.
Инвеститор е општина Бутел, а вкупната инвестиција на целиот проект (пат, фекална канализација и атмосферска канализација) е 150 илјади вера.
Пешевски заедно со градоначалниците, на кој им се придружи и заменик министерот за образование Спиро Ристовски, ја посетија и детската градинка „11 Октомври“ во Радишани која е во изградба.
Градинката до сега функционирала со 5 објекти, со капацитет од 800 деца. Доградбата која е во тек ќе овозможи дополнителен капацитет на 100 деца, што подразбира изградба на 5 занимални со санитарии.
Инвестицијата е во вредност од 9 милиони и 500 илјади денари. По доградбата, Министерството за труд и социјална политика ќе ги опреми просториите, за кои ќе бидат издвоени 1 милион и 500 илјади денари. Отворањето на доградениот дел на градинката е планиран за февруари следната година.
Исто така извршен беше и увид на реконструираното ОУ „Климент Охридски“, каде во изминатиот период беа извршени неколку зафати и тоа: нов кров, нова термо фасада и ПВЦ прозорци, во износ од 3.700 000 денари, внатрешна реконструкција во износ од 1.500 000 денари. Целокупната инвестиција е во вредност од околу 85 илјади евра.
Тие ја посетија и индустриската зона Расадник, за која е донесен урбанистички план,а површината на планскиот опфат е 17,28 хектари и има 95 градежни парцели.
Намената е за изградба на лесна и незаканувачка индустрија, сервиси и стоваришта. По пат на јавно наддавање до сега се отуѓени 3 градежни парцели, инвеститор е фирмата Дорматик а намената е за производство на електрични делови.
Пред самиот крај од работната посета извршен беше и увид на изградбата на атмосферската канализација на ул„ Боца Иванов“.
Во текот на целата постеа, Пешевски оствари и средби со граѓаните, кои на кои беа разменети мислења и идеи, како и беа сослушани нивните проблеми и предлози за идни проекти.