Пешевски: Вкупните директни вработувања во странските инвестиции во наредните 2-3 години ќе достигнат 34.000

Владата предводена од Никола Груевски особен фокус стави на привлекување на реномирани странски компании да инвестираат во Република Македонија. За таа цел формиран е професионален и успешен тим, создадени се одлични бизнис услови и изградена е соодветна инфраструктура, истакна Владимир Пешевски, вицепремиер и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот тим, почнувајќи од претседателот Груевски, вицепремиерот Ставрески, од мене како вицепремиер за економски прашања, министрите за странски инвестиции и другите министри, директорите на агенцијата за странски инвестиции и дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, странските промотори и амбасадорите, работиме посветено и напорно и сме во постојан контакт со потенцијални инвеститори и во потрага по нови. Странските директни инвестиции носат повеќекратен бенефит за македонската економија Тоа се: директни финансиски средства, остварување на директни вработувања, овозможуваат дополнителни вработувања и профит за домашните компании остварувајќи соработка со нив, трансфер на знаења и производи со додадена вредност кои го зголемуваат извозот на стоки. Со сегашните проекции од самите инвеститори, вкупни директни вработувања во странските инвестиции во наредните2-3 години ќе достигнат 34.000, што значи подобри услови за живот на 34.000 семејства, рече Пешевски.

Сопоред него важен е и приливот на странски капитал, кој кумулативно од 2006-2015 година изнесува 2,6 милијарди евра  или 262 милиои евра годишно, што е за над 2,5 пати повеќе од 108 милиони годишно за периодот од 1993-2005 година.

Во периодот 2007-2015 година просечниот годишен извоз од Македонија изнесува 3 милијарди евра и е двојно поголем во однос на просечниот годишен извоз во периодот 2003-2006 година, кога изнесуваше 1,5 милијарди евра, што во голема мера се должи и на порастот на извозот од странските директни инвестиции особено  лоцирани во Технолошко-индустриските развојни зони. Во 2015 година извозот достигна рекордно ниво од 4 милијарди и 51 милиони евра, што е најдобро остварување од осамостојувањето на Република Македонија и е за повеќе од 100% повеќе споредено со 2006 година кога извозот изнесуваше 1 милијарда и 918 милиони евра. Како компонента од целокупниот извоз, извозот од ТИРЗ во 2015 година достигна скоро 1,5 милијарди евра (, што претставува раст од 26% споредено со 2014 година и сочинува 36% од вкупниот извоз. Уште позначајно е што постепено се менува структурата на извозот и Македонија сѐ повеќе извезува производи со поголема додадена вредност, подвлече Пешевски.

Друга компонента која е особено важна, рече Пешевски, е соработката помеѓу странските и домашните компании.

Во оваа соработка над 500 македонски компанија остварија некаков бизнис со странските компании било како добавувачи или извршители на градежни или услужни дејности. Она што е особено важно и сакаме да го потенцираме е трансферот на знаење кое го продуцираат странските компании, кое ни помага во технолошкиот развој, како и создавањето на производи  со поголем степен на дополнителна додадена вредност кои претходно не се произведувале во Република Македонија. Во целиот процес на привлекување на странски инвестиции, важен е фактот дека при контактите со претставниците на компаниите работиме да ги насочиме се повеќе нивните проекти да ги лоцираат во другите градови во државата, освен во Скопје, со што, особено во последните 2-3 години драстично се подобрува економската слика во повеќе различни градови и региони. Така сведоци сме дека со влезот на странски компании, комбинирано со другите мерки кои ги спроведуваме за намалување на невработеноста, во некои градови како што се Велес, Штип, Кавадарци, Битола, Кочани, Демир Хисар дојде или фоаѓа до значително намалување на невработеноста.

Пешевски направи краток осврт на некои од инвестициите кои што се реализирани во овој период.

Во Кавадарци известираше Дрекселмаер, инвестиција од 35 милиони евра до денес 5800 вработувања; Во Битола Кромберг и Шуберт, инвестиција од 20 милиони евра – моментални 2800 со најава цифрата да достигне до 3500 вработувања; Штип и Струмица ивстираше Џонсон Контролс, инвестиција од 51 милиони евра – 3300 вработувања; Во Штип се и Техникал Текстајлс, инвестиција од 15 милиони евра – 130 моментални вработувања со најава до 1000 вработувања. Кондево кој се гради и инвестиција од 40 милиони евра – со најава на 280 вработувања. Во Тетово, Леар корпорејшн се гради погонот – 170 моментални, до 2500 вработувања; Прилеп: Гентерм, инвестиција од 20 милиони евра – 345 моментални вработувања, до 2000 вработувања; Акомпласт се гради во моментов, инвестиција од 3 милиони евра – 250 лица; Кичево: Ки Сејфти Системс, инвестиција од 15 милиони евра – 150 моментални, најавани се до 1000 вработувања; Струга само во овој град вкупно од овие компании што ќе ги набројам има вкупно најавени 2000 вработувања ОДВ Електрик, се гради, инвестиција од 15 милиони евра – 105 моментални, до 1000 вработувања; Костал, се гради – до 1000 вработувања; Велес  БРГ ќе се отвори во погоните на Порцеланка, инвестиција од 35 милиони евра – до 1000 вработувања и Маркарт, инвестиција од 35 милиони евра – моментални 200 до 600 вработувања Кочани: Антура, инвестиција од 6 милиони евра – моментални 210 до 300 вработувања и Левидиагро – најавени 100 вработувања;  Валандово: Константиновски Плант оф Металурџикал Екипмент (КПМЕ), инвестиција од 25 милиони евра – до 500 вработувања; Ресен: Епл Ленд, инвестиција од 5 милиони евра – 100 вработувања; Демир Хисар: СТС Текстајлс договорот е во  реализација, инвестиција од 4 милиони евра – 150 почетно до 1000 вработувања и Гришко веќе реализирани 100 вработувања.

Скопје, како што рече, останува центарот на странските инвестиции и тука оперираат:

Ван Хол, инвестиција од 35 милиони евра – 830 моментални и 400 нови вработувања, Џонсон Мети, инвестиција од 130 милиони евра – 650 вработени; Кемет Електроникс, инвестиција од 30 милиони евра – 250 вработени, планирани до 500; Текнохозе (Витек), инвестиција од 21 милиони евра – 180 вработувања; Вистеон, инвестиција од 30 милиони евра – 240 вработени; КапКон аутомотив технолоџис, инвестиција од 15 милиони евра – до 400 вработувања; Макдиа инвестиција од 10 милиони евра – 200 вработувања; Делфај се гради, инвестиција од 15 милиони евра – 500 вработувања; Технопласт, инвестиција од 10 милиони евра – 200 вработувања; Хај-тек Асембли Центар ќе се гради, инвестиција од 20 милиони евра – 300 вработувања; Јуроп Шок Абсорберс ќе се гради, инвестиција од 10 милиони евра – 100 вработувања; Герман Електро Мехатроникс , инвестиција од 10 милиони евра – 200 вработувања. Има уште многу но тука ќе запрам со читањето и само ќе потенцирам дека економскиот тим продолжува со својата работа, продолжуваме уште поангажирано и попосветено да работиме за да привлечеме уште пореномирани и светски познати странски компании да дојдат во Македонија, на тој начин дополнително ќе придонесеме за намалување на невработеноста и економски развој на земјата, додаде Пешевски.