Пешак прегазен во Дебар маало

Осумдеесет и осумгодишен маж тешко настрада откако во неделата утрото во центарот на Скопје на него налетал автомоби управуван од млад гостиварец, извести Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случи во неделата околу 09.20 часот во Скопје на крстосница од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Аминта Трети“, кога автомобил „опел“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од30-годишниот Ќ.Џ. од Гостивар, удрило во 88-годишниот пешак Т.Х. од Скопје.

По ударот старецот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.