Возрасен маж почина по здобиените повреди во несреќа која се случила во вторникот вечерта на регионалниот пат Тетово – село Теновце, извести министерството за внаптрешни работи.
Сообраќајниот инцидент е пријавен околу 20,50 часот, откако автомобил „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 60-годишниот Ф.Е. од Милетино удрило во 61-годишниот Г.М. од Радиовце.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничката болница Тетово, бил пренесен во скопскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“, каде им подлегнал на повредите.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово