Возрасен маж тешко е повреден во понеделникот кога околу пладне во Крива Паланка налетал автомобил управуван од тинејџер, соопшти во вторникот Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот бил пријавен во 13,30 часот дека во Крива Паланка, на крстосницата од улиците „Свети Јоаким Осоговски“ и „Гоце Делчев“, автомобил „сеат алхамбра“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот М.Д. удрил во 71-годишниот пешак Р.С.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.