Во саботата околу 17 часот било пријавено дека во Скопје на улицата „Јашар Еребара“, патничко возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот Р.А. од Скопје удрило во пешакот 82-годишниот С.А. од Скопје, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.