Педесет и двегодишен пешак од Струга загинал во сообраќајна незгода во понеделникот вечерта, откако во него удрило засега непознато мотороно возило во близина на индустриската зона во Струга.
Од СВР Охрид соопштија дека незгодата се случила на 21-ви овој месец во 20 часот и 55 минути на магистралниот пат Струга – Ќафасан, кога непознато моторно возило удрило во пешакот 52-годишниот Н.Н. од Струга.
„Лицето било пренесено во Општата болница во Струга каде им подлегнало на повредите. Возачот на автомобилот, го напуштил местото на сообраќајната незгода, а по извршениот увид од јавен обвинител и полициски екипи, ОВР Струга презема мерки за расчистување на настанот“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Според првичните информации, возилото продолжило да се движи кон Охрид.