Пешак усмртен на патот Тетово-Јажинце, возачот избегал

Маж од тетовското село Дебреше починал во неделата квечерината, веднаш откако бил удрен од автомобил, чиј возач не запрел по несреќата, извести во понеделникот Министерството за внатрешни работи.

Несреќата била пријавена околу 17,30 часот и во дојавата било соопштено дека на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, непознато патничко возило удрило во пешакот 43-годишниот И.А. од селото Дебреше, по што го напуштило местото.

Пешакот починал на место на незгодата, а смртта била контатирна од лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.