Пешевска: Ако најголем дел од починатите од Ковид-19 се со хронични болести, тогаш да се ослободат од работа

Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека од ден за ден бројот на заболени и починати од Ковид-19 се зголемува, болниците се преполни и од ден за ден се пренаменуваат нови болнички капацитети.

-Македонија руши црни рекорди. Од ден за ден бројот на заболени и починати од Ковид-19 се зголемува, болниците се преполни и од ден за ден се пренаменуваат нови болнички капацитети. Денес имаме 1085 заболени. Очигледно е дека нешто ни недостасува во борбата против невидливиот непријател.
Јавно апелирам и барам:
1️⃣ Ако ни велат дека најголем дел од починатите од Ковид-19 се со хронични болести, тогаш потребно е ВЕДНАШ, хронично болните да се ослободат од работа;
2️⃣Бремените жени да се ослободат од работа.
Апелирам да се работи на превенција и заштита од заболување од вирусот!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.