На денешната собраниска седница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска упати три пратенички прашања. Првото до министерот за здравство за неправилностите поврзани со функционирањето на стоматолошката комора, второто пратеничко прашање до министерката за труд и социјална политика за тоа зошто се става во заштита на сторен криминал, односно зошто не почекавте да се произнесе Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција по наводите за сторениот криминал? И третото прашање исто до министерката за труд и социјална политика за тоа какви мерки преземавте по добиеното писмо од страна на директорката и дали го известивте министерот за внатрешни работи кој воопшто не постапува по пријавите?
„Според укажувањата на групите стоматолози кои ми се обратија како пратеник, актуелниот претседател на стоматолошката комора Маријан Денковски кој повеќе од 6 години е претседател на комората ја имал узурпирано комората со една помала група на доктори за свои лични интереси и сопствен бенефит на штета на стоматолошка фела“, истакна Пешевска.
Пешевска посочи дека постојат сомневања за злоупотреба на службена положба и овластување од страна на актуелниот претседател на стоматолошката комора.
„Во отсуство на министерот за здравство ќе упатам прашање во име на претставниците од стоматолошката комора која во последниот период ни се обратија повеќе групи, здруженија и стоматолошки друштва, па барам одговорот во нивно име од министерот за здравство кој е отсутен денеска за одредени прашања, неправилности, поврзани со функционирањето на стоматолошката комора за која повеќе стоматолози имаат поднесено претставки во министерството за здравство, а сеуште немаат добиено одговор ниту се преземени конкретни активности и мерки од министерството како би им се излегло во пресрет на стоматолозите како засегната фела“, изјави Пешевска.
Во однос на упатеното пратеничко прашање до министерката за труд и социјална политика. Таа истакна дека пред неколку денови од страна на свиркач се доставени документи кој јасно укажуваат дека детската градинка „Детска радост“ во Гази Баба дека се работело незаконски.
Таа додаде дека во изминатите неколку недели цела македонска јавност е сведок како министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска се става во директна заштита на директорка на детска градинка која работела незаконски
„Имено, надворешна независна лиценцирана ревизорска куќа дава неповолно мислење со утврдени осум наоди за незаконско работење. Во него е јасно напишано дека со средства од градинката кои ги даваат родителите за престојот на нивните деца, омилената директорка на министерката Јована Тренчевска купувала луксузен мебел за својот кабинет. Со парите од родителите на децата се одело по ресторани по завршување на работно време, биле извршувани набавки на 60,000 денари без да се спроведе соодветна јавна набавка што е спротивно со законот за јавните набавки. Службеното возило на градинката со намена да ја разнесува храната по објектите наместо да ја разнесува храната ја развозувало директорката. Склучени се договори и за перална на алишта а цената за една перална за алишта изнесува 4,000 евра“, посочи Пешевска.
Пешевска ја запраша министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска зошто се става во заштита на сторен криминал, односно зошто не почекавте да се произнесе Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција по наводите за сторениот криминал?
„Во оваа држава токму најосетливата категорија, нашите деца се оставени на работа на амбисот. Додека партијата на власт се занимава како да си ги умножи своите семејни бизниси, децата остануваат без основна грижа од страна на МТСП кое има задача да креира превентивни мерки и политики за да не дојде до ескалирачки настани по примерот на Србија“, истакна Пешевска.
Пешевска посочи дека на ден 09.05.2023 година директорката на јавната установа за деца со воспитно образовни проблеми и нарушено поведение писмено се обраќа до вам дека ситуацијата со овие деца и високо ризична и во најголем дел имаат психијатриски дијагнози.
Таа ја запраша министерката за труд и социјална политика какви мерки се преземени по добиеното писмо од страна на директорката и дали го известивте министерот за внатрешни работи кој воопшто не постапува по пријавите?