Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и министерот без ресор, задолжен за привлекување странски инвестиции, Веле Самак, денеска ќе остварат средба со високи претставници на германската компанија Дрекслмаер, кои се во работна посета на нивната компанија во Република Македонија.
Средбата ќе се одржи во просториите на компанијата, во индустриска зона „Телот“ во Кавадарци.