
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски денеска ќе ја посети општина Крушево, информираат од неговиот кабинет.
Пешевски ќе има средби со подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за катастар на недвижности и Агенцијата за вработување на Република Македонија, како и со претседателот на Советот на општина Крушево, Нико Чонески.