На вчерашната трибина отворена за граѓаните во Гевгелија, Владимир Пешевски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ зборуваше за економијата во Македонија и реформите кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги спроведе.
„Не случајно, неколку меѓународни финансиски институции во речиси сите извештаи кажуваат дека Македонија е една од државите која што успешно се справува со кризата и има најдобри економски политики во регионот,“ рече Пешевски.
Тој додаде дека фактот што ова го кажуваат надворешни фактори, покажа дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ се однесува максимално одговорно.
„Во 2006 година кога Владата на ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт Светската Банка бизнис климата во Македонија ја рангираше на 94 место од 185 држави, со што Македонија беше во втората половина. Тоа е состојбата со која владата на Никола Груевски се сретна и подоцна се зафати со реформи,“ рече Пешевски.
Пешевски посочи дека постепено низ текот со годините со голем број на подобрувања во институциите, Македонија во последниот извештај на Светската Банка успеа да се искачи на 25 место што е подобро од две третини од државите од Европската Унија, а најдобра во регионот.
„За да се дојде од 94 место до 25 треба да се направат многу реформи на многу институции,“ истакна Пешевски.
Воедно тој додаде дека Централниот Регистар од институција која што не постоеше до 2002, 2003 година денеска е рангирана како најдобрар Централен Регистар во Европа. Со што во Македонија денес може да се регистира фирма за еден ден, за разлика од порано кога беа потребни три, четири месеци.