Пешиќ за (не)играњето на Јокиќ: Како ќе кажат Американците, тие никогаш не лажат…

Никола Јокиќ ја покажа сета своја кошаркарска генијалност водејќи го Денвер до НБА-титулата, а следна обврска на српскиот центар требаше да биде да ја предводи својата репрезентација на претстојниот Мундобаскет.

Токму поради тоа, шокантно делуваше информацијата од САД дека Јокиќ нема да настапи за српската репрезентација на летното СП поради семејни обврски. Селекторот Светислав Пешиќ сепак е убеден дека најдобриот српски кошаркар ќе се најде во неговиот тим, а имаше и порака за американските медиуми кои бомбастично ја најавија оваа информација.

„Што велите… Американциет пишуваат дека Никола нема да игра на Светското првенство? Епа, ако тие велат така, сигурно нема да игра. На нив треба да им се верува, како ќе кажат Американците, така е, тие никогаш не лажат. Впрочем, Американците го контролираат светот“, иронично прокоментира искусниот српски кошаркарски стратег.