Песимизмот меѓу германските бизнис челници е намален во февруари

 

Деловната клима во Германија се стабилизирала во февруари, како одраз на поблаг песимизам меѓу деловните лидери во услужните и трговските сектори, покажаа во петокот податоците од институтот ifo.

Индексот на деловната клима на Ifо во јануари се зголеми за 0,3 поени во однос на јануари, на 85,5 поени.

„Германската економија се стабилизира на ниско ниво“, заклучува институтот.

Индексот, кој ги мери рејтинзите на деловните челници за тековното работење, остана на јануарското ниво и изнесуваше 86,9 поени.

Подобрени се очекувањата, според растот на индексот за 0,6 поени во однос на јануари, на 84,1 поен, што значи дека вредноста се вратила на нивото од декември.

Бизнис лидерите во индустријата се исто толку песимисти како и во јануари, предвидувајќи натамошно намалување на производството.

Во услужниот сектор, песимизмот е поблаг отколку во производството, но побарувачката е слаба.

Расположението во трговијата е благо подобрено, но менаџерите се „длабоко скептични“ во прогнозите за наредните месеци.

Според институтот, очекувањата во градежниот сектор паднаа на најниско ниво од 1991 година.