Кремљ соопшти дека внимателно ја следи „тензичната и политички опасна“ ситуација на Косово, каде етнички Срби поставија барикади што предизвика оружен судир со косовската полиција и најмалку четири убиени лица.
Русија не ја признава еднострано прогласената независност на Косово и го поддржува територијалниот интегритет на Србија.
„На Косово гледаме многу напната и потенцијално опасна ситуација и внимателно ја следиме“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
ен откако група Срби се обиде да го блокира патот во селото Бањска на Косово, и дојде до вооружен конфликт во кој загинаа тројца напаѓачи и еден припадник на косовската полиција, сите приоди кон Бањска се уште се блокирани од силни полициски сили, а околу селото се распоредени голем број полицајци со оклопни возила. Безбедносната состојба и натаму е тензична. Уапсени се шестмина напаѓачи, на кои им е одреден притвор од 48 часа, а се сомничат за кривично дело – тероризам, а во текот на ноќта уапсен е уште еден напаѓач.