Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија може да помогне во решавањето на мигрантската криза на границите на Белорусија со ЕУ како посредник во преговорите.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена на секој можен начин да помогне во решавањето на ситуацијата со мигрантите на границата меѓу Белорусија и ЕУ, доколку нешто зависи од тоа.
Песков рече дека САД погрешно ја толкуваат мигрантската криза на белоруско-полската граница. Тој смета дека е апсолутно погрешно целата вина на актуелната ситуација да се префрла на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.