Песков: Русија ќе ја запре офанзивата кога Украина ќе капитулира

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на редовниот брифинг во вторникот одговори дека Русија ќе ја запре офанзивата во Украина кога Киев  и украинската војска ќе прогласат капитулација“.

„Украинската страна може веднаш да го запре судирот. Само треба да им се нареди на националистичките единици да го положат оружјето, треба да им се нареди на украинските војници да го положат оружјето и треба да се спроведе во дело сите услови коишто ги постави Русија. Така сѐ би било завршено за еден ден“, одговори Песков.

Според него, никакво календар ниту рокови не постојат на руската страна. „Ние се водиме според изјавите на нашиот претседател“, реле Песков и повтори дека „специјалната воена операција се одвива според планот“.

Песков одговори во врска со изјавите на украинскиот претседател Владимир Зеленски кој на самитот на челниците на земјите во Г7 ги повика „да го направат максимумот следните неколку месеци“, како и дека „продолжениот конфликт не е во интерес на украинскиот народ од објективни причини“, како што во понеделникот рече советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џејк Саливан,

Од друга страна, како што пренесе агенцијата Reuters повикувајќи се на двајца европски дипломати, Зеленски рекол и дека „војната мора да заврши пред зимата“.

Претходно во неделата по билатералната средба на маргините на самитот на Г7 меѓу фанцускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон, портпаролот на Даунинг стрит истакна дека двајцата челници „се согласија дека ова е критичен момент за текот на конфликтот и има можност да се направи пресврт на текот на војната“. Џонсон, исто така, го предупредил Макрон дека „секој обид да се реши конфликтот сега само ќе предизвика трајна нестабилност“.

Исто така, Џонсон предупредил дека се ризикува да му се даде на рускиот претседател Владимир Путин „дозвола да манипулира со суверените земји и меѓународните пазари засекогаш“.Претходно во неделата по билатералната средба на маргините на самитот на Г7 меѓу фанцускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон, портпаролот на Даунинг стрит истакна дека двајцата челници „се согласија дека ова е критичен момент за текот на конфликтот и има можност да се направи пресврт на текот на војната“. Џонсон, исто така, го предупредил Макрон дека „секој обид да се реши конфликтот сега само ќе предизвика трајна нестабилност“.

Исто така, Џонсон предупредил дека се ризикува да му се даде на рускиот претседател Владимир Путин „дозвола да манипулира со суверените земји и меѓународните пазари засекогаш“.