Пет американски конгресмени биле изложени на коронавирус, некои контактирале со Трамп

Петмина пратеници во американскиот Конгрес од понеделникот се во самоизолација, а меѓу нив најмалку двајца се републиканци кои контактирале со претседателот Доналд Трамп, откако биле изложени на коронавирусот.

Пратеникот Мет Гетц патувал со претседателскиот авион „Air Force One“ со кој Доналд Трамп се враќал во Вашингтон. Гетц објави дека „11 дена претходно бил во контакт со лице кое е позитивно на коронавирусот“ Covid-19 во текот на конзервативната политичка конференција CPAC, која се одржа од 26-ти до 29-ти февруари.

Претходно организаторите на настанот потврдија дека еден од учесниците бил позитивен на вирусот, како и дека со него контактирале неколку пратеници, но не и претседателот Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, кои исто така учествуваа на големата конференција на конзерватиците.

Во текот на годишниот собир на конзервативците, сенаторот од Тексас и поранешни кандидат за претседателските избори во 2016, Тед Круз, како и пратеникот Пол Госар се ракувале со еден носител на вирусот. Тие во неделата вечерта порачале дека остануваат во самоизолација, иако немаат симптоми.

„Иако пратеникот нема симптоми, остана дома и ги очекуваме резултатите од неговиот тест“, напиша неговиот тим на Twitter. Гетц ќе остане во самоизолација во текот на препорачаните 14 дена.

Друг републикански пратеник, Даг Колинс, кој во петокот се сретнал со Доналд Трамп, изјавил дека во понеделникот ќе остане во доброволен карантин, иако нема симптоми, бидејќи кон крајот на феврусри бил изложен на коронавирусот.

Колинс бил веднаш зад американскиот претседатело во петокот во текот на посетата на американскиот Центар за контрола и преенција на болестите (CDC) во Атланта. Тој се ракувал со Трамп во текот на патувањето, според некои од медиумите.