Пет дена по ред процентот на новозаразани од коронавирусот е под 10 отсто во однос на направените тестови

Во изминатите пет дена бројот на нови случаи на Ковид-19 во Македонија е под 10 проценти од бројот на тестирани пациенти. На почеток на неделата беа направени 860 теста, од кои 78 пациенти резултираа позитивни на корона вирусот. Потоа следниот ден (25 август) бројот на тестови се искачи на над 1700, но бројот на новозаразени пациенти беше 127. Во некои од последните денови имаше случаи кога процентот на ново заразени не беше поголем од пет-шест посто. Така што вчера беа направени 2018 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на Ковид-19.

И понатаму најголемиот број на активни заразени од Ковид-19 е регистрирано во Скопје (854), потоа следат Куманово (356), потоа Гостивар (230), и Штип и Тетово по (175 активни пациенти со корона вирус).

Во скопските општини и понатаму на со најголем број активни случаи 117 е Општина Чаир. По Чаир, со најголем број на заразени со Ковид-19 е Општина Аеродром (105), Гази Баба (102) и потоа следат Кисела Вода, Карпош, Центар, Бутел и тн.

Министерот за здравство, Венко Филипче, при вчерашната посета на Македонска Каменица, истакна дека засега не се предвидени посебни мерки за заштита од Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион, каде во изминатите неколку недели константно се зголемува бројот на заболени од коронавирус. Одговарајки на новинарски прашања во врска со состојбата со пандемијата во Делчево, Берово, Пехчево и М.Каменица, министерот за здравство Венко Филипче рече дека дополнителни рестриктивни мерки за овие општини не се предвидени.